Top Sport

Чави именуван за тренер на Ал Сад

Поранешниот капитен на Барселона, Чави, во вторникот е именуван за нов тренер на катарскиот клуб Ал Сад. Чави во овој клуб неодамна ја заврши својата брилијантна фудбалска кариера.

Чави пред еден месец во едно интервју откри дека има желба тренерската кариера да ја започне во Катар, а потоа би сакал да се испроба и во некој од европските клубови.

„Мојата тренерска филозофија ќе биде одраз на мојот долгогодишен развоја под влијанието на Јохан Кројф во Ла Масија. Тоа е една од најважните работи што ми се случиле во Барселона. Секогаш сум сакал да гледам екипи што ја преземаат иницијативата на теренот“, рекол Чави.

Scroll to Top