Тренерот на Барселона, Чави Ернандез инсистира дека клубот мора да донесе нови засилувања за да се борат за титули и покрај тешката финансиска ситуација во клубот.
По крајот на сезоната од клубот заминаа Серхио Бускетс, Жорди Алба и Самуел Умтити, додека нови засилувања се Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез. Чави го пофали техничкиот тим и претседателот за работата, но посочи дека мора да се донесат нови фудбалери за да се борат за најголемите титули.
„Уште ни недостасуваат делови во тимот, не можеме да ги лажеме навивачите. Мислам дека можеме да се засилиме, претседателот го знае тоа, спортскиот директор Матеу Алемани го знае тоа. Пазарот е долг, има шанси за засилувања до 31 август и мораме да бидеме што е можно поконкурентни“, изјави Чави при презентацијата на неговиот фудбалски камп.
Тој знае дека постојат проблеми со финансискиот ферплеј и дека дел од „дупките“ во тимот ќе се пополнуваат со фудбалери од нивната академија.
„Се наоѓаме во компликувана ситуција и можеби не можеме да ги оствариме сите цели поради финансискиот ферплеј, но ќе се снајдеме. Мораме да сметаме и на домашните фудбалери, кои секогаш биле дел од нашите планови. Како Алехандро Балде, кој се покажа одличен минатата сезона. Тоа е нашиот план“, додава Чави.