Top Sport

Чави: Ќе ја напуштам Барса доколку не се подобриме

Чави Ернандез, тренерот на Барселона, најави дека на крајот од сезоната би можел да ја напушти клупата на каталонскиот гигант.

Актуелниот шпански шампион моментално е трет во Примера, со осум бода помалку од лидерот Џирона и седум зад големиот ривал Реал. Тие синоќа беа елиминирани од Куот на Шпанија, а пред десет дена го загубија финалниот меч во Суперкупот на Шпанија.

„Доколку не се подобриме до крајот на сезоната, ќе морам да заминам. Знам каде сум. Во Барселона треба да освојуваш титули, ако не го правиш тоа тогаш имаш проблем“, изјави Чави.

Годинава Барса имаше многу лоши изданија, но се уште е во конкуренција за трофеи во Ла Лига и Лигата на шампионите.

„Убеден сум дека нашиот проект кој ќе го носат врвни млади играчи има перспектива“, изјави Чави.

Scroll to Top