Чави Ернандез се врќа во Барселона. Клупската легенда ќе го наследи Роналд Куман на тренерската позиција, тврди каталонски „Спорт“. Чави нема веднаш да стапи на функцијата, туку тоа ќе се случи во текот на ноемвриската репрезентативна пауза.
Чави потврдно одговорил на понудата, ќе го напушти Ал Сад, со кого има договор до 2023 година. Барселона на катарскиот клуб ќе му исплати 1.000.000 евра како обесштетување за тренерот.
Во стручниот штаб на Чави, ќе бидат неговиот брат Оскар, Среџо Алегре кој му е помошник и во Ал Сад и физиотарапевтот, Иван Торес.
Во наредните три натпревари, против Алавес, Динамо Киев и Селта, Барселона од клупата ќе ја предводи Алберт Капелас.
Капелас бил директор на Ла Масија и тренер на Барселона Б, им бил помошник на Џорди Кројф во Кина и Петер Бош во Борусија Дортмунд.