Top Sport

Чави: Ќе си одам кога ќе почувастувам дека клубот не напредува

По киксот против Интер и извесната елиминација од Лигата на шампионите, Барселона утре ќе му гостува на Реал, во дербито на колот во Примера. Двата тима во Ел класико влегуваат со ист број на бодови, Барса е прва на табелата поради гол-разликата.

Ремито со Интер (3:3), донесе шпекулации во јавноста дека Чави би можел да го напушти клубот.

„Од раѓање сум оптимист и мислам дека се подобривме на многу начини. Имавме добра сезона досега и штета е што се случи она во средата. Јас сум и навивач на Барселона и сакам клубот да напредувам. Денот кога тоа нема да се случи, ќе бидам дома. Нема да бидам проблем за клубот. Кога нема да бидам решение за Барселона, сам ќе си заминам“, изјави Чави на прес конференцијата пред дербито во Мадрид.

Чави смета дека дуелот против Реал Мадрид може да биде можност за рехабилитација, а како референтна точка го наведува последното Ел Класико кое Барселона го доби со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мораме да бидеме трпеливи, тие ќе страдаат кога ќе почнеме да притискаме. Мораме да бидеме обединети во одбраната. Во вториот дел од натпреварот со Интер имаше премногу празнини меѓу линиите во формацијата. Мора да бидете храбри и да јго покажете карактерот“, изјави Чави.

„Целта е да победиме со добра игра, како што сакаме да играме – да ја имаме топката и да напаѓаме. Така беше во првото полувреме со Селта и Интер и Баерн, но таму не бевме ефикасни“, вели. Чави.

Неделното дерби започнува во 16:15 часот.

Scroll to Top