Top Sport

Чави: Лапорта ме предаде, не дозволи Меси да се врати – Барса ја води Алехандро Ечеварија

Чави Ернандез го потресе светот на фудбалот со интервју во кое јавно го критикуваше Џоан Лапорта за сите лоши работи што се случуваат во Барселона. Тој откри како претседателот на каталонскиот клуб го спречил враќањето на Лионел Меси во клубот, а луѓе блиски до аргентинската ѕвезда му дадоа голема поддршка на Чави по неговиот јавен настап.

Легендарниот Чави ја отвори душата во интервјуто за „Ла Вангуардија“ колку што можеше повеќе и зборуваше за сè што се случуваше во Барса додека беше тренер, со какви пречки се соочил и каков е неговиот однос со Лапорта денес. Ова интервју, мпже да ги потресе темелите на „Камп Ноу“.

Пред камерите, Чави удри и по и главниот играч од сенка, Алехандро Ечеварија.

Тој упати многу сериозни обвинувања против Лапорта и неговиот советник Ечеварија. Чави тврди дека Лапорта е претседател, но дека клубот од сенка го води токму Ечеверија.

Откри како Џоан Лапорта лично го спречил враќањето на Лионел Меси во клубот во 2023 година.

„Лео веќе го потпиша договорот. Во јануари 2023 година, откако го освои Светското првенство, стапивме во контакт со него и тој рече дека сака да се врати. Претседателот започна преговори со таткото на Лео, имавме зелено светло од Ла Лига, но потоа Лапорта сè отфрли.“

Објаснувањето на претседателот на Барса, според Чави било многу чудно.

„Ми рече директно дека ако Меси се врати, ќе започне војна против него и дека не може да го дозволи тоа. Одеднаш, Лео престана да одговара на моите повици, го повикав неговиот татко и му реков „Хорхе, ова не може да биде“. Ме замоли да разговарам со Лапорта. Пет месеци инсистирав да го доведам Меси. Се чинеше како завршена работа. Сè беше подготвено за неговиот последен танц… Умирав да дојде… Но, некое време не ми одговори. Штета е, но вината е на други… Иако Меси мислеше дека сум вмешан во сè што влијаеше на нашата врска. Но, сега сè е повторно во ред“.

Тој не разговарал со Лапорта откако беше отпуштен. Во меѓувреме, ја поддржа кандидатурата на Виктор Фонт за претседател. Дали неговата победа ќе значи враќање на Чави?

„Во моментов не мислам дека некогаш ќе се вратам. Веќе бев таму како играч и како тренер. Единствениот мој интерес е вистината и дека Лео не се врати во Барселона затоа што претседателот не го сакаше. Не поради Ла Лига или затоа што Хорхе Меси сакаше премногу пари – сето тоа е лага. Тоа го одлучија претседателот и луѓето околу него, затоа што го убедија дека ќе изгуби дел од својата моќ.“

Чави тврди дека не е против Лапорта, туку дека е за Барселона.

„Тие ни велат: „Или сте со нас или против нас“. Такви се тие, тоа е нивниот начин на работа. Ни требаат здрави луѓе, а две децении се справуваме, кројфизам, лапортизам, сандизам, нуњизам…“

И како се чувствува Чави на крајот на краиштата?

„Многу сум посмирен. Истапив само против Алехандро Ечеварија“.

Дали Чави зборува од завист? Негира и тврди дека е воодушевен од Барса на Флик и дека тој требало да добие отказ по низата лоши резултати. Но, не може да го сфати раководството на клубот.

„Се воздржав, но кога претседателот рече дека сакам да оставам зад себе десет жртви – тоа не е вистина. Не сум огорчен, или барем не зборувам поради тоа. Зборувам затоа што сакам правда. Сакам луѓето да знаат дека Барселона не функционира правилно. Го доживеав тоа од прва рака и тоа е мојата порака. Ги почитувам играчите, тренерот Ханси, клубот, но зборувам за да се заштитам. Играчите не смеат да го спомнат моето име, сега сè е под тензија… На клубот му е потребна целосна реконструкција. Промена на структурите, професионализација. Јасно ми е дека луѓето треба да го слушнат тоа од мене. Не смееме да зависиме од неискрени луѓе“.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');