Top Sport

Чави: Лут сум, направив грешка

Барселона и трет натпревар по ред загуби на својот стадион. По поразот од Ајнтрахт во Лигата на Европа (2:3), во шпанското првенство, бодовите од Камп Ноу ги одземаа Кадиз, а синоќа Рајо Ваљекано со минимални победи (0:1).

„Ги искомплициравме нашите животи, но сè уште работите се под контрола“, изјави тренерот на Барселона, Чави.

На пет кола пред крајот Барселона е второпласирана и во добра позиција да освои едно од првите четири места и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На табелата имаат шест поени повеќе од петтопласираниот Бетис.

„Бевме деветти во ноември. Не се плашиме да играме, но работите се комплицираат. Да се одмориме и да размислиме за Мајорка. Имаме пет финалиња до крајот на сезоната”, додаде Чави, а потоа го коментираше поразот од Рајо Ваљекано.

„Не знам што се случи со тимот по победата на Ел Класико. Сите бевме возбудени поради таа добра серија и добрите форма во која се наоѓавме. Бевме возбудени поради можна борба за титулата и сега треба да се мотивираме за да можеме да избориме пласман во Лигата на шампионите, лут сум и разочаран. Денеска направив грешка како тренер. Особено во мотивацијата на играчите. Мислев дека дадов се, но испадна дека тоа не било доволно“.

Scroll to Top