Тренеот на Барселона, Чави, верува дека Усман Дембеле ќе го продолжи договорот со клубот. Менаџерот на фудбалерот, Муса Сисоко, според тренерот бил единствениот виновник за актуелната ситуација.
Познато е дека, Муса Сисоко, побарал на годишно ниво, бруто плата од 40.000.000 евра, плус дополнителни бонуси за него и Дембеле, за потпишувањето на договорот.
Барселона, која се наоѓа во финансиска криза, на фудбалерот му понудила четири пати помала плата.
„Преговорите се во тек. Некогаш менаџерите ги прават работите да бидат тешки. Нашата позиција е јасна, процесот се уште трае. Оптимист сум, верувам дека Дембеле ќе остане. Повторно разговарав со него. Не сум разочаран и покрај тоа што неговиот менаџер не сака да разберe дека се наоѓаме во тешка ситуација. Ние составивме добра понуда за Дембеле. Сметам дека ова е добра шанса за него и дека не би требало да ја пропушти“, рекол Чави.
Барселона, утре, гостува кај Мајорка. Дембеле е еден од играчите кои се заразени со коронавирусот и тој ќе го пропушти натпреварот.