Легандарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез, рекол дека неговиот поранешен соиграч Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Меси, во неделата на натпреварот против Бетис, успеа да ги стигне рекордите што беа во сопственост на клупските легенди Чави и Андрес Иниеста.
Аргентинецот го подобри рекордот на Чави од 476 победи во дресот на Барселона и го израмни рекордот на Иниеста од 674 натпревари во дресот на Барселона.
Меси, воедно е најдобриот стрелец на Барселона, во историјата со 591 гол.
„Секој ден тој е подобар и подобар. Неверојатен е. Мислам дека Меси е најдобриот играч, не во овој момент, туку воопшто во истријата“, изјавил Чави и дополнил.
„Во секој натпревар Меси е тој што ја прави разликата, во секој меч во последните 12 години. Играв со него и неговите способности се неверојатни“.
Чеви и Меси 11 години беа соиграчи. Во тој период освоиле 24 трофеи.
Чави Ернандез е глобален амбасадор на Светското првенство во 2022 година. Тој се уште е активен играч во Катар, земјата домаќин на следното СП.