Top Sport

Чави: Меси ќе се врати во Барса само ако го сака тоа

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не е сигурен дали Лионел Меси ќе се врати во клубот од Пари Сен-Жермен ова лето, оценувајќи дека тоа ќе зависи од личните желби на неговиот поранешен соиграч.

Надежите за враќање на „Ноу Камп“ се зголемија последните месеци по вестите од Франција дека најверојатно нема да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, но Чави вели дека ништо не е одлучено и дека тоа зависи од желбите на Меси.

„Тоа е во воздух! Зависи од многу работи. Нема многу друго што можам да кажам. Лео е спектакуларен фудбалер, пријател… Но, најмногу зависи од неговите намери и желби“, вели Чави.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта изјави дека ќе направи што може да го врати 35-годишниот Меси во тимот, но на патот му е неверојатната понуда од 500 милиони евра за една сезона во Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Scroll to Top