Тренерот на Барселона Чави Ернандез побара од челниците на клубот да го доведат Лионел Меси, но тој е свесен дека нема да може да го врати на „Ноу Камп“ ова лето.
Да потсетиме, Меси минатата година ја напушти Барселона откако Каталонците не можеа да му понудат нов договор поради финансиски проблеми. Тој има уште една година од договорот со ПСЖ.
„Тој има договор. Невозможно е да се врати, барем оваа сезона. Тоа е навистина, навистина невозможно”, изјави Чави.
„Претседателот рече дека се надева на тоа, но мислам дека тоа е невозможно во моментов. Нема смисла дури и да се зборува за тоа. Има многу играчи кои сакаат да дојдат кај нас и тоа доволно зборува за нашето глобално влијание”.
Чави го коментираше и доаѓањето на Роберт Левандовски од Баерн.
„Фактот што го доведовме е историски успех. А клубот само расте со него, тој беше наша желба од првиот ден. Неговиот однос кон работата е навистина неверојатен“.