Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез истакнал Кевин Де Брујне во Манчестер Сити е она што е Лионел Меси во Барселона.
„Граѓаните“ имаат серија од 18 победи во Премиер лигата, а во одиграните 20 натпревари загубија само два бода и на челната позиција на табелата имаат 15 бода повеќе од градскиот соперник Манчестер јунајтед.
„Екипите кои ги предводи Гвардиола победуваат тимски, но дури и на такви тимови им е потребен играч кој ќе ги предводи. Во Барселона тоа беше Меси, а во Сити тоа е Де Брујне. Секогаш кога топката е кај чувствувате дека ќе направи нешто посебно. Не можете секој натпревар да го добиете со 3:0 или 4:0 особено во Лигата на шампионите…Но тоа се моменти во кои е неопходно да ја имате брилијантноста на тој посебен играч“, рекол Чави.
„Сити има ДНК како Барселона, но тоа не е изненадување. Тимовите на Гвардиола не се создаваат самите од себе, ниту рекордите, ниту првото место на табелата…За тоа е заслужен Гвардиола кој е опседнат со победите“.
Чави Ернадез и Гвардиола соработуваа во Барселона од 2008-2012 година, период кој се смета за најуспешен во историјата на славниот клуб.