Top Sport

Чави: Ова не смее да се повтори

Барселона не успеа да ја победи Мајорка во седмото коло. Избраниците на Чави, не успеаја да го повторат пресвртот што го направија против Селта. На крајот Каталонците мораа да се задволат со еден бод, мечот заврши 2:2.

„Проблемот е што ни дадоа голови по наши грешки. Тоа не смее да се повтори. Имавме добри шанси, но поради страшни грешки не победивме. Премногу брзавме, ни недостасуваше трпение. Се беше во ред до примениот гол, по што почнавме да брзаме. Да ги искористевме приликите ќе го сменевме текот на натпреварот, тоа е причината поради која загубивме два бода. Минатата сезона заедништвото во одбраната и концентрацијата ни дадоа огромна сила“, изјави разочараниот тренер на Каталонците.

Foto/ EPA

Scroll to Top