Top Sport

Чави побарал да му ги донесат Стерлинг и Кунде

Чави, легендата на Барселона, се враќа во клубот. Тој ќе го наследи Роналд Куман кој вчера доби отказ. И покрај тоа што нема официјална потврда за ова, шпанските медиуми тврдат дека работата е завршена. Барселона на клубот чии тренер е во моментов Чави, Ал Сад, ќе му исплати обесштетување од 1.000.000 евра.

Со Чави се заминаваат и останатите медиуми, Радио Монте Карло, објави дека ги знае плановите на Чави.

Според овој извор, тој од претседателот Џоан Лапорта, побарал во зимскиот преоден рок да му ги донесе Рахим Стерлинг од Манчестер сити и Жулс Кунде од Севилја.

Исто така, Чави на претседателот му порачал што е можно поскоро да го продолжат договорот со Усман Дембеле.

Scroll to Top