Роналд Куман ја доби довербата од Џоан Лапорта да ја води Барселона и наредната сезона. Со оваа одлука паднаа во вода шпекулациите дека клупската легенда, Чави, би можел да седна на клупата.
„Секогаш сум на пазарот. Меѓутоа во последните три-четири месеци, немав никаков контакт со челниците на Барселона, ниту пак со претседателот Лапорта. Тие решија да ја продолжат соработката со Куман. Им посакувам се најдобро“, рекол Чави.
Актуелниот тренер на Ал Сад не крие дека би сакал да биде тренер на Барселона.
„Мислам дека сум подготвен за Барселона. Го познавам клубот, атмосферата…Меѓутоа Куман е тренер на Барса, тоа мора да се почитува“.