Top Sport

Чави подготвува чистка, од Барселона ќе замине и капитенот

Фудбалскиот клуб Барселона, во зимскиот преоден рок ќе тргне во целосна реконструкција на тимот. Во чистката која ја подготвил тренерот Чави, нема да има повластени. На трансфер листата ќе се најде и капитенот Серхио Бускетс, тврдат локалните медиуми.

Бускетс е легенда на клубот, во првиот тим е од 2008 година, одиграл преку 650 натпревари. Бил дел од сите успеси на Барселона во последните 15 години.

Капитенот има 33 години, Чави сметал дека клубот треба да најде замена.

Според медиумите, Бускетс, во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Манчестер сити, кај Пеп Гвардиола, кај кого дебитираш во сениорска конкуренција.

Покрај Бускетс, можно е клубот да го напушти уште еден од сенаторите во соблекувалната, Џорди Алба.

Планот на Чави е во јануари од клубот да заминат Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Клеман Ленгле, Сержињо Дест, а во случај во клубот да добијат добра понудат ќе замине и Френки Де Јонг. Џерар Пике самиот најави дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира.

Scroll to Top