Тренерот на Ал-Сад, Чави го замоли својот клуб да го пушти да ја преземе Барселона и да се „врати дома“, откако каталонскиот клуб денеска прати преговарачи за легендата на клубот пред мечот со Ал-Духаил во катарската лига.
Иако Ал-Сад објавија дека планираат 41-годишниот Чави да го отслужи договорот, по 3:3 ремито со Ал-Духаил, Шпанецот побара да го пуштат да си оди дома, во клубот каде што беше ѕвезда во 17 сезони.
„Зборувам со Барса со денови, готово е. Но, сега работите зависат од преговорите меѓу клубовите. Барселона дојде да зборува и сите сме возбудени и ќе видиме како ќе заврши. Навистина сакам да одам дома и се надевам дека ќе има договор. Сите ја знаат мојата позиција“, изјави Чави по мечот.
Капитенот на Ал-Сад, Абделкарим Хасан, веќе беше помирен дека Чави ќе замине.
„Сите сме тажни поради заминувањето на Чави, но тој ќе оди во голем клуб како Барселона. Тој ни помогна да успееме многу и ќе ни недостасува“, изјави Хасан откако по мечот, Чави се збогуваше со сите играчи на теренот.
فيديو : لماذا حرص #تشافي على وداع لاعبي #السد بعد نهاية لقاء #الدحيل ؟! #دوري_نجوم_QNB#قنوات_الكاس pic.twitter.com/FZpmVDQdpR
— قنوات الكاس (@alkasschannel) November 3, 2021