Top Sport

Чави: Ракитиќ е едно од најголемите засилувања во историјата на Барселона

Пред 5 години Иван Ракитиќ од Севилја за 18 милиони евра премина во редовите на Барселона. Во периодот додека настапува за тимот од „Ноу Камп“, Хрватот на вкупно 268 меча постигна 34 гола, а додаде и 37 асистенции. Тој со Каталонците освои 13 трофеи.

Додека деновиве се погласни се шпекулациите дека Ракитиќ заминува од Барселона (го поврзуваат Хрватот со ПСЖ, но и со Манчестер Јунајтед), легендата на клубот, Чави Ернандез во суперлативи зборува за хрватскиот фудбалер.

„Трансферот на Ракитиќ е еден од најголемите во историјата на Барселона. Од ден на ден е се подобар, тој знае како да се прилагоди на она што го бра екипата и во секој момент покажува висока фудбалска зрелост. Тоа е чудесно“ – вели Чави.

Челниците на Барса го донесоа Ракитиќ како замена за Чави, Шпанецот замина од клубот во 2015 година.

Оттогаш Хрватот го предводи средниот ред на каталонскиот клуб.

Scroll to Top