Top Sport

Формата поминува, класата е вечна–Карлос со нова магија (видео)

На ревијален натпревар одигран на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон се соочија Англија и Остатокот од светот, а „фудбалските пензионери“ со атрактивните потези потсетија на минатото.

Играа Симан, Карагер, Фарах, Чепман од едната и Карваљо, Есиен, Болт, Дрогба и Роберто Карлос од другата страна.
Токму Бразилецот го имаше потегот на мечот кој ги собра аплаузите на публиката.

По еден корнер, топката беше исфрлена од шеснаесетникот на Англичаните, а Карлос со додавање позади грб ја префрли до своите соиграчи.

Погледенете го потегот на Карлос и составите на двата тима:

Scroll to Top