Легендарниот фудбалер на Барселона Чави Ернандес смета дека Реал Мадрид имал многу среќа во сезоните кога ги освојуваше титулите во Лигата на шампионите.
„Барслеона е фаворит во Ла Лига. Тоа е малку потешко во Лигата на шампионите. Барселона таму победуваше кога беше супериорна во однос на ривалите и кога доминираше. Никогаш не се потпираше на среќата, како што тоа го правеа некои други клубови“, рекол Чави.
Запрашан дали последната реченица се однесува на Реал Мадрид, поранешниот шпански репрезентативец одговорил.
„Да, Мадрид. Но не мислам само на нив. Имаше и Барселона среќа кога на „Стенфорд Бриџ“ го елиминираше Челси со десет играчи, со голот на Иниеста, иако претходно не шутнавме на голот. Среќа е кога немате добра сезона во Примера, кога ќе завршите на четвртото, петтото или шестото место на табелата, а на крајот од сезоната ќе ја освоите Лигата на шампионите. Тоа никогаш не и се случило на Барселона, на Реал му се случило“.