Тренерот на Барселона, Чави Ернандез тврди дека Реал Мадрид се големи фаворити пред нивниот дуел во Копа дел реј и покрај тоа што каталонскиот клуб е на врвот на таблелата во Ла лига.
Во првиот меч од полуфиналето на кралскиот куп, Барселона влегува со два порази во низа од Манчестер јунајтед во Лига Европа и од Алмерија во Ла лига, а исто така ќе бидат и без клучните повредени играчи како Роберт Левандовски, Педри и Усман Дембеле.
„Играме за титула, а Мадрид уште се фаворити бидејќи се шампиони во Ла лига и во Лигата на шампионите. Секогаш се многу тежок противник и сега се во добра форма. Мадрид се фаоворити. Тоа е бидејќи ги освоија последните неколу титули, а ние сме во процес на градее – имаме една титула против нив во Суперкупот со фантастичен фуддбал. Но, се работи за Мадрид, тие се конкурентни секогаш и го победија Ливерпул неодамна. Мораме да бидеме искрени“, вели Чави пред гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.