Top Sport

ПСЖ му верува на Хакими по обвинувањата за силување

Пари Сен-Жермен ќе сметаат на својот дефанзивец Ашраф Хакими и покрај тоа што против него има истрага за силување, јавува „ЕСПН“.

Во понеделникот француското обвинителство потврди дека има истрага за мароканскиот репрезентативец откако 23-годишна жена го пријавила за силување во саботата. Таа не сакала да поднесе тужба, но обвинителството решиле да отворат истрага. Клубот целосно му верува на својот играч и тој ќе биде во избор за составот кој треба да игра со Нант во сабота во меч од Лига 1.

24-годишниот Хакими, кој е роден и израснат во Шпанија, во понеделникот присуствуваше на ФИФА Бест церемонијата во Париз, каде што беше избран меѓу најдобрите 11 за 2022.

Scroll to Top