Top Sport

Чави се налути на новинарите: Зошто сте негативни, јас сонувам само за победи

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека размислува само за победи одговарајќи на прашање како ќе се справи со потенцијален пораз од Бенфика во мечот од Лигата на шампионите во вторник, што ќе значи испаѓање од елитата.

Барселона ја пречекува Бенфика на „Ноу Камп“ знаејќи дека можат да обезбедат пласман во осминафиналето со победа, бидејќи ако не го направат тоа во последното коло ќе мораат да го победат Баерн Минхен во зависност од резултатот на Бенфика со Динамо Киев.

„Зошто ми ја давате таа негативна хипотеза? Зошто ме прашувате тоа? Јас би сакал да зборувам за други работи, не размислувам за порази. Јас во Барселона искусив победи и затоа не сакам да размислувам за тоа да не се квалификуваме. Јас сум позитивен и сакам голови и победа во вторник и тоа никој не може да ми го земе. Да, Бенфика може да не победи, но сега оставете ме да сонувам“, изјави Чави.

Чави дебитираше на клупата на клубот каде што помина огромен дел од својата кариера со 1:0 победа во каталонското дерби против Еспањол, и вели дека бил среќен од „80 минути игра“. Против Бенфика, тој нема да може да смета на Ансу Фати, Серхио Агуеро, Мартин Брејтвајт и Педри, но не мисли на порази.

Scroll to Top