Top Sport

Легендарно! Роналдињо и Ето се гушкаа: И ти остаре, а?

Самуел Ето и Роналдињо! Две легенди на Барселона и две големи фудбалски имиња кои секогаш ќе останат во историјата како „класа“ играчи. Кои очигледно не се виделе одамна.

Двајцата добри пријатели вчера беа на гостување во Катар на фудбалски настан, и еден навивач ја овековечи нивната средба со ова срдечно гушкање и со коментарот на Ето: „И ти остаре, а?“.

Ето беше еден од поранешните соиграчи на Роналдињо кои се понудија да му помогнат кога бразилската легенда заглави во парагвајски затвор по обидот со лажни пасоши да влезе во оваа јужноамериканска земја.

Scroll to Top