Чави Ернандез повеќе не е тренер на Барселона. Во петокот тој доби отказ, а нов тренер на трофејниот клуб ќе биде Ханси Флик.
„АС“, откри интересни детали од прекинот на соработката помеѓу Чави и Барса.
„Во вторник Чави ќе дојде во клубот со неговиот наџер Фернандо Соланас за да го раскине договорот со кој беше обврзан до 30 јуни 2025 година. Во таа прилика тој ќе се откаже од целата сума на која има право според договорот во случај да добие отказ, што е околу 12 милиони евра“.
Легендата на Барселона од оштетата се откажал поради неговите помошници, кои заедно со него го напуштија клубот. Осуммината помошници на Чави ќе се ги добијат парите што им следуваат според договорите што ги потпишаа со Барселона.
Оштетата за сите нев Барселона ќе ја чини околу три милиони евра.
Чави ја презеде Барселона на 6 ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците во 141 натпревар. Оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази. Минатата година ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ.
Беше отпуштен бидејќи ја критикуваше администрацијата, односно финансиската состојба во која се наоѓа клубот.
Чави јавно кажа дека Барселона нема пари да се натпреварува со Реал и дека се неопходни засилувања за да влезат во трка со „кралскиот клуб“. Исто така ги потсети навивачите дека оваа Барселона нема никаква врска со онаа од трофејното минато.