Top Sport

Чави: Секој кој го сака фудбалот ќе гледа Реал-ПСЖ

Тренерот на Барселона. Чави Ернандез на прес-конференцијата пред мечот со Галатасарај во Лига Европа, призна дека вечерва ќе го следи мега-дуелот на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен и дека ќе навива за своите пријатели Нејмар и Лео Меси.

Барселона првпат по 18 години игра во „второлигашкото“ европско натпреварување, кое тогаш беше познато како УЕФА купот откако беа трети во својата група зад Баерн Минхен и Бенфика.

„Денеска е голем меч за Лео, за ПСЖ и за Реал Мадрид. Секако ќе го гледам натпреварот, нема да лажам дека ќе одам на вечера. Ќе го гледам и ќе уживам во мечот. Штета што не играме во Лигата на шампионите. Сите кои го сакаат фудбалот ќе го гледаат, а подобриот тим ќе победи. Ќе навивам за моите пријатели Лео и Нејмар. Најдобриот ќе победи, но ако победат Лео и Нејмар, тогаш ќе биде уште подобро“, вели Чави.

Scroll to Top