Top Sport

Чави сигурен дека ја има поддршката на клубот и веќе размислува за јануарскиот преоден рок

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, речиси цела година од неговото поставување на позицијата верува дека ја има целосната поддршка на бордот на клубот и дека веќе работи на желбите за јануарскиот преоден рок и покрај болната елиминација во Лигата на шампионите.

Под Чави, тимот сигурно го крена своето ниво, но уште чека на трофеј, а испаѓањето од Лигата на шампионите носи нови грижи за нестабилната финансиска ситуација на клубот иако Чави вели дека се работи за проект на кој треба да се работи.

„Нема да продолжиме да работиме и забележувам тотална доверба во проектот. Ова не е нешто што го очекувавме, бидејќи имавме големи амбиции во Лигата на шампионите. Мораме да ги сослушаме критиките и да продолжиме со работа. Смирено и со план. Ја имам довербата на претседелот, на бордот, на Матеу и Жорди. Останува само да работам. Рано е да зборуваме за потенцијални трансфери во јануари, но фудбалскиот менаџерски тим работи на тоа“, вели Чави пред мечот со Валенсија овој викенд.

Со својот авторитет и со работите кои ги постигна со Барселона како фудбалер, Чави има огромна поддршка кај навивачите во Каталонија, но тоа мора да биде подржано со резултати, посебно по големите трансфери кои беа направени во текот на летото.

Scroll to Top