Белгискиот селектор, Емилијано Мартинез е сигурен дека Еден Азар може да ги остави на страна сите грижи со Реал Мадрид и повторно да биде клучен играч на Белгија на Светското првенство.
Четврто големо натпреварување во низа, многумина ја поставуваат Белгија меѓу фаворитите за висок пласман, во можеби последната шанса за таканаречент „златна генерација“.
„Не може да има дискусија за важноста на Еден на репрезентацијата, поради неговата кариера и искуство. Тој беше еден од клучните играчи во 2018 година и тоа носи огромно искуство. Знам дека последните две години му носат многу предизвици во Реал Мадрид, а ниту на Европското првенство не можеше да го даде максимумот поради повредите. Не потценувајте што може на еден тим може да му донесе физички подготвен и свеж Еден Азар“, вели Мартинез.