Top Sport

Чави: Тер Штеген мора да се врати во форма

Тренерот на Барселона Чави, му порачал на голманот Марк-Андре тер Штеген дека мора да се врати во вистинската форма, бидејќи тој е еден од најважните играчи во неговиот тим.

Тер Штеген, оваа сезона прави многу грешки, последната од нив, против Елче, придонесе противникот да израмни на 2:2. На крајот Барселона сепак успеа да слави победа.

„Тер Штеген за нас има фундаментално значење. Неговата посветеност кон тимот е исклучителна. Понекогаш пеави грешки, но тој знае дека треба да се поправи. Сепак начинот на кој игра кога ја има топката во нозете е исклучителен“, рекол Чави и дополнил.

„Нема дискусија дека тој е еден од најдобрите голмани во светот, но исто така јасно е дека мора да ја поправи формата“.

Тер Штеген е играч на Барселона од 2014 година, кога пристигна од Борусија Менхенглабах.

Scroll to Top