Top Sport

Чави враќа на „Ноу Камп“ уште една поранешна ѕвезда на Барса

Чави Ернандез е во Барселона, се врати во улога на тренер, па почна да го собира „старото друштво“.

Вчера потпиша Дани Алвез, а англиските медиуми сега јавуваат дека новиот кормилар на Барса е заинтересиран на „Ноу Камп“ да го врати Тијаго Алкантара (30) – играчот на Ливерпул.

Сепак, „Скај спорт“ јавува дека тоа воопшто нема да е лесна задача затоа што тој е врзан со договор со „црвените“.

Прашање е колку Барса, која е во лоша финансиска состојба може да му понуди на Ливерпул за екс-играчот на Баерн Минхен.
Алкантара во Барса последен пат играше пред 8 години.

Сака Чави да донесе засилување во средниот ред, помош за Бускетц, Де Јонг и останатите.
Сепак, засега се прашуваат Ливерпул и Јирген Клоп.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');