Прeтседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во интервју за „Газета дело Спорт“ им одговори на сите тренери и играчи кои се жалат на премногу натпревари во сезоната. Најконкретни беа Пеп Гвардиола и Јирген Клоп и добија директен одговор од Чеферин.
Тој смета дека оние што навистина треба да се жалат се работниците во фабриките кои заработуваат едвај по илјада евра, за разлика од огромните плати на фудбалерите.
„Клубовите побараа десет натпревари во Лигата на шампионите, ќе има осум, вистинската бројка. Лигите со 18 екипи би биле покорисни, но претседателите на фгедерациите не се согласуваат. Треба да разберат дека два национални купа се премногу. Клоп и Гвардиола протестираат. Лесно е секогаш да се нападнат ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна – ако играте помалку, платите се намалуваат. Ако некој треба да се жали, тоа се работниците во фабриките кои заработуваат едвај илјада евра месечно“, изјави Чеферин за „Газета дело Спорт“.