Top Sport

Чеферин би сакал Јуве, Реал и Барса да излезат од УЕФА: Се обидоа да го убијат фудбалот

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин останува огорчен на трите преостанати клубови во Европската Суперлига, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, велејќи дека би сакал да ги види надвор од УЕФА бидејќи „се обидоа да го убијат фудбалот“.

Чеферин продолжува со „војната“ со трите клуба, откако минатата недела го нарече поранешниот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели (со кого се во кумско сродство) „стар капетан кој избега од бродот“.

„Не би ми пречело да видам како си заминуваат од УЕФА. Смешно е што сакаат да креираат ново натпреварување, а во исто време да бидат дел од Лигата на шампиони. Тие луѓе се обидоа да го убијат фудбалот со своите некомпетенти директори. Флорентино Перез се жали дека Реал Мадрид може да опстане само со Суперлигата, а потоа нуди 180 милиони евра за Килијан Мбапе“, вели Чеферин во интервју за германскиот „Дер шпигел“.

Scroll to Top