Top Sport

Чеферин: Доколку сезоната не заврши последиците ќе бидат катастрофални

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин истакнал дека не постои краен рок до кога мора да завршат првенствата во Европа.

Пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 во мирување ги стави фудбалските натпреварувања низ цела Европа, исклучок е Белорусија. Чеферин вели дека е оптимист и дека започнатите првенства ќе завршат.

„Приоритет е здравјето на навивачите, играчите и тимовите. Можеби натпреварите ќе мора да се играат без присуство на публика. И тоа ќе добро решение, подобро отколку воопшто да не се играат. Во овие тешки времиња луѓето ќе можат да ги следат натпреварите на телевизија“, рекол Чеферин.

„Доколку шампионатите бидат прекинати тоа ќе остави големи последици врз клубовите. Јас верувам дека првенствата ќе завршат, ние ќе мораме да ги почитуаме одлуките на надлежните органи. Ќе ја чекаме нивната дозвола“.

На прашањето дали постои краен рок кога треба да завршат Лигата на шампионите и Лига Европа тој рекол.

„Не постои краен рок. Сѐ зависи од тоа кога ќе продолжиме“.

Scroll to Top