Претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин влезе во остар напад на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и неговите планови за две нови натпреварувања како „циничен и безмилосен комерцијализам“, обвинувајќи ја ФИФА дека ја продава душата на фудбалот.
Сојузот на европски клубови и лиги веќе го отфрли планот на Инфантино, а говорот на Чеферин пред Европската Унија покажува дека постои вистински раздор во светот на фудбалот.
Инфантино, кој беше генерален секретар на УЕФА, предложи мини-мундијал на кој ќе учествуваат осум репрезентации и кој би се одржувал секои две години. Покрај тоа, планот, поддржан од инвеститори од Блискиот Исток, предвидува и проширување на Светското клупско првенство на 24 клуба, а со двата проекти во следните 12 години во фудбалот би влегле над 25 милијарди долари.
„Додека јас сум претседател на УЕФА нема да има простор за бркање на себични договори или криење под лажни договори. Не можам да прифатам дека некои луѓе се толку заслепени од барањето профит што би ја продале душата на фудбалот на приватни фондови. Парите не владеат секаде, и европскиот спортски модел мора да се почитува. Фудбалот не е на продажба и нема да дозволам жртвување“, вели Чеферин.
Фото: ЕПА