Top Sport

Чеферин: Ќе имаат прекрасна Суперлига со два клуба

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА се огласи по повод одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со европската Суперлига.

Судот на ЕУ во образложениеот на пресудата истакна дека ФИФА и УЕФА на незаконски начин го блокирале формирањето на натпреварувањето.

Чеферин се огласи со ироничен коментар.

„Можат да прават што сакаат. Се надевам дека ќе имаат прекрасно натпреварување со само два клуба. Се смеам… Овој систем што го претставија денес е уште поблизок до оној претставен во 2021 година кој беше отфрлен од сите во фудбалот“, вели Чеферин.

Тој исто така додаде дека одлуката на судот во основа е позитивна, односно дека тоа не значи дека новоот натпреварување ќе биде формирано.

„Одлуката ја гледаме како можност за подобрување на некои правила. Фудбалот останува обединет и затоа сите заинтересирани страни зборуваат заедно. Постои силен контраст помеѓу соопштението на Европскиот суд и самата пресуда. Пресудата е навистина позитивна“, додаде Чеферин. .

Тој имаше порака и за шпанските гиганти, Реал и Барселона кои се носители на проектот.

„Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават. Фудбалот не е на продажба“, додаде првиот човек на УЕФА.

Scroll to Top