Top Sport

Чеферин: Клубовите од Суперлигата мислат дека земјата е рамна, ќе следуваат казни

Во интервју со британскиот „Дејли мејл“, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин тврди дека 12-те клубови кои се обидоа да ја формираат Европската Суперлига ќе бидат казнети, споредувајќи ги со луѓето кои веруваат дека земјата е рамна, додавајќи дека е можна суспензија од Лигата на шампионите следната сезона.

Словенецот, сепак, посочува дека англиската „голема шесторка“ (Челси, Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Манчестер јунајтед), треба да добијат „помилување“ бидејќи се првата група на клубови кои се откажаа, а посериозна ситуација е со Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои уште веруваат дека проектот не е „мртов“.

„Искрено, бев импресиониран од реакцијата на фановите, целата фудбалска заедница и општеството. Не сме виделе такво нешто. Британската влада исто така одигра голема улога, иако фановите ја имаат најголемата заслуга. Секој мора да си ги сноси последиците за тоа што го направи и не можеме да одиме понатаму како ништп да не се случи. Тие сами си направија проблеми и ќе видиме што ќе се случи во следните денови. Но, има разлика меѓу англиските клубови и другите шест клуба. Тие први е повлекоа, признаа дека згрешиле. Потоа и другите три (Атлетико, Милан, Интер), а сега останавме со три клуба кои мислат дека земјата е рамна плоча и дека Суперлигата уште постои. Има огромна разлика, но сите ќе бидат одговорни. На кој начин, уште не сме одредиле“, вели Чеферин.

 

Scroll to Top