Top Sport

Чеферин: Лигата на шампиони останува во Европа

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги демантирал медиумските шпекулации дека финалето во Лигата на шампионите, во 2021 година, би можело да биде одиграно во Њујорк.

Информацијата дека УЕФА ја разгледува можноста финалето во најпрестижното клупско натпреварување во светот, да се игра и на други континенти, први ја објавија шпанските медиуми.

„Немаше дискусија на таа тема. УЕФА не планира да финалните мечеви во Лигата на шампионите да се играат надвор од Европа. Тоа би можело да биде некаква идеа за во иднина“, рекол Чеферин.

Scroll to Top