Top Sport

Џеко добива нов договор и функција во Рома

Един Џеко и Рома ќе ја продолжат соработката. Клубот на напаѓачот му нуди договор до јуни 2021 година и функција по завршувањето на професионалната кариера.

Според италијанските медиуми, доколку Џеко и клубот постигнат договор, тој по завршувањето на кариерата би можел да му биде асистент директорот на Рома, Франческо Тоти.

Според актуелниот договор, Џеко, има годишна плата од 4,5 милиони евра, а новиот договор предвидува зголемување на плата за 500.000 евра.

Инаку, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, неодамна дипломираше на отсекот за спортски менаџмент на универзитетот во Сараево.

Scroll to Top