Top Sport

Чеферин лут на тренерите: Сега немаат право да се жалат на судењето

Старо-новиот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, им се налутил на тренерите чии тимови изборија пласман во нокаут фазата, во Лигата на шампионите.

Тренерите на сите учесници во осмина-финалето биле повикани во Франкфурт, Роберто Росети во име на судската комисија требало да им ја презентира употребата на ВАР-системот во Лигата на шампионите.

Од поканетите 16 тренери, 11 не се појавиле во Франкфурт. На закажаниот состанок се појавиле само тренерите на Рома, Шалке, Јувентус, Олимпик Лион и Пари Сен Жермен.

„Покажаа големо непочитување кон тимот на Роберто Росети и кон комплетната организација. Влијанието на тренерите е големо и доколку мислат подоцна да имаат поплаки на судењето, требаа да дојдат и да видат што ќе им кажат експертите за ВАР. Сега, сите тие што не се појавија немаат право да се жалат“, рекол Чеферин.

ВАР ќе дебитира во Лигата на шампионите од 12 февруари кога започнува нокаут фазата.

Scroll to Top