Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изминатите неколку дена бил во Загреб. Тој станал член на семејството на регионалните Спортски игри за млади, а престојот го искористил и да го погледне натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Манчестер сити (1:4).
Чеферин уживал во натпреварот, но имал многу забелешки за стадионот на Динамо, „Максимир“.
„Драго ми е што дојдов на „Максимир“, што го гледав натпреварот. Сепак нема да зборувам за Динамо се е веќе кажано. Можам да кажам се што видов овде ми се допаѓа, исклучок е стадионот“, рекол Чеферин и дополнил.
„Мислам дека ова е најлошиот стадион во Европа. На ова ниво на кое се играат натпревари сигурно е дека ова е најлошиот стадион“.
Претседателот на УЕФА рекол дека Динамо што поскоро мора да го реши прашањето со стадионот.