Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека 2021 година била успешна за европскиот фудбал, и дека најголемата победа е извојувана со тоа што не се дозволило формирање на Европската Суперлига.
Во април, 12 богати европски клубови објавија формирање на сопствена лига, но притисокот од навивачите и од јавноста придонесе веднаш да се повлечат 9 од нив, и да останат само Јувентус, Барселона и Реал Мадрид како поддржувачи на идејата.
„Крајот на Суперлигата, предводен од политички и јавни осуди на целиот континент, претставува наша најголема заедничка победа во 2021. Обидот во април да се креира ‘затворена’ Суперлига беше насочен само кон полнење на банкарските сметки на дел од клубовите, и беше вистинска закана за вредностите кои ги има УЕФА“, вели Чеферин.