Top Sport

Џон Тери се враќа во Челси

Легендарниот поранешен капитен на Челси, Џон Тери ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ како член на тимот за развој на таленти, тврди британскиот „Атлетик“.

Тери е без работа откако си замина од Астон вила, каде што беше помошник на поранешниот тренер Дин Смит, со кој успеа да го врати славниот клуб од Бирмингем во Премиерлигата по долга пауза.

Британските медиуми неколку пати го поврзуваа поранешниот англиски репрезентативец со работа во повеќе англиски второлигаши и третолигаши, но тој очигледно реши дека не е доволно подготвен за таква работа и би бил член од тимот на Томас Тухел.

Според „Атлетик“, 41-годишниот Тери е чест посетител на тренинг-центарот на Челси, бидејќи живее на неколку километри од Кобам, а исто така има долгогодишно пријателство по својот пораешен соиграч Петр Чех, кој сега е технички советник кај „сините“.

Scroll to Top