Top Sport

Чеферин: Натпревари од ЛШ ќе се играат и во САД

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, потврди дека дел од натпреварите од Лигата на шампионите во иднина може да се играат во САД.

„Да, можно е, почнавме да разговараме за тоа. Финалето во 2025 година ќе се игра во Минхен, а потоа ќе видиме“, потврди Словенецот во подкастот „Men in Blazers“.

„Фудбалот е исклучително популарен во САД. Американците се подготвени да платат големи суми за најдоброто од фудбалот. Ќе го следат европскиот фудбал како што европските љубители на кошарката ја следат НБА“, додаде Чеферин, кој истакна дека САД се „перспективен пазар на иднината“.

„Продажбата на правата за Лигата на шампионите оди многу добро. Што се однесува до САД, спонзорските договори одат така-така, но комерцијализацијата на производот таму е сосема поинаква отколку во Европа. Американците се многу поталентирани во тоа од нас. Навивачите допрва ќе мислат дека „копилињата од Швајцарија“ ги интересираат само пари. Да потсетам, 97 проценти од приходите ние ги враќаме во фудбалот. Секако дека приходот е огромен. Посакувам да беа многу поголеми отколку што се сега. Бев шокиран што финалето на ЕП 2020 го гледаа повеќе луѓе во САД отколку финалето на НБА, а 30 натпреварите од ЕП беа гледани како и Супербоул. Така што мислам дека ни оди добро“, изјави Чеферин.

Scroll to Top