Претседателот на УЕФА Александар Чеферин со огласи по повод најавите дека поради коронавирусот некои натпревари во европските купови би се одиграле без публика.
Медиумите шпекулираат дека е можно осмина-финалниот реванш помеѓу Јувентус и Лион би можел да се игра пред празни трибини, поради епидемијата на коронавирусот што владее во северниот дел на Италија.
Лион првиот меч го доби со 1:0, а реваншот во Торино е закажан за 17 март.
„Внимателно следиме се што се случува со епидемијата на коронавирусот. Во моментот не размислуваме да откажуваме натпревари. Следиме како се развива ситуацијата во сите земји што имаат претставник или претставници во нокаут-фазата. За секоја наша одлука веднаш ќе бидете информирани“, рекол Чеферин.