Top Sport

Чеферин нема да дозволи формирање на Супер лига

Словенецот Александар Чеферин е реизбран на претседателската функција во Европската фудбалска унија (УЕФА). На функцијата тој стапи во 2016 година по скандалот со Мишел Платини. Во новиот четири годишен мандат главната задача ќе ми биде да го одбрани интегритетот на УЕФА, односно да ја одбрани Лигата на шампионите, од идејата на големите клубови да формираат Суперлига. „Најголемите клубови ќе го изгубат статусот во срцата на навивачите доколку формираат Суперлига“ рекол претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Опасноста за формирање на новото натпреварување, кое би ѝ било пандан на Лигата на шампионите е избегнато со искрени, директни и бескомпромисни разговори помеѓу УЕФА и клубовите“, рекол Чеферин.

„Мислам дека пред мојот избор, во 2016 година, клубовите размислуваа да се отцепат. Потоа разговаравме многу, ни стана јасно дека мораме да бидеме единствени“, рекол Словенецот во интервју за „Ројтерс“.

Тој потенцирал дека европска Суперлига нема да има додека тој е претседател на УЕФА, а на чело на Асоцијацијата на европските клубови е Андреа Ањели.

„Ова не е ветување туку факт. Доколку го спроведеа својот план, големите клубови ќе го изгубеа статусот во срцата на луѓето. Ја почитуваме фудбалската пирамида, системот на испаѓање и промоција е во нашата култура. Резултатите иако се различни од финансиските книги прават да бидете големи“, заклучил Чеферин.

Словенецот, во интервјуто, ги повикал челниците на ФИФА да ги слушнат причините зошто УЕФА е против формирањето на две нови натпреварувања, Светската лига на нации и Светското првенство за клубови со 24 екипи.

Scroll to Top