Top Sport

Вардар се засили со Аврамовски

Фудбалскиот клуб Вардар во финишот на преодниот рок доби ново засилување. Опремата на најпопуларниот македонски клуб ја задолжи Даниел Аврамовски. 23-годишниот фудбалер од средниот ред, во четвртокот, со Вардар договорил соработка до крајот на сезоната.

Аврамовски е поранешен младински репрезентативец на Македонија. Во Македонија играл Македонија Ѓорче Петров, Работнички, а во странство бил играч на Црвена ѕвезда, Војводина и Олимпија од Љубљана.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, изјавил за клупската интернет страница Аврамовски.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top