Top Sport

Чеферин нема да се кандидира за реизбор во 2027 година

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александар Чеферин најави дека нема повторно да се кандидира за оваа функција во 2027 година.

Британските медиуми јавија дека Чеферин оваа одлука ја соопштил во Париз каде се одржува 48. Конгрес на УЕФА.

Чеферин е претседател на УЕФА од 2016 година.

Оваа одлука Словенецот ја донесе откако УЕФА му го промени статусот и му дозволи да се кандидира за претседател и по четврти пат.

Тој дојде на чело на УЕФА откако Мишел Платини беше разрешен поради обвинувања за корупција.

Scroll to Top