Top Sport

Чеферин: Суперлигата е само фикција, обичен сон

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Би-би-си рекол дека идејата за основање на Суперлига е само фикција и дека тоа нема да се случи.

Пред неколку недели, германскиот весник Шпигл, повикувајќи се на „Фудбал Ликс“, пишуваше дека 16 врвни европски клубови, имаат план да формираат свое натпреварување.

„Суперлигата нема да се случи. Тоа е само сон…Имаме некакви идеји, а можам да откријам само дека тоа нема да биде формирање на Суперлига. Сите ќе имаат можност да се натпреваруваат во елитата“, рекол Чеферин.

„Се случува дека богатите стануваа уште побогати, а ние имаме намера да го решиме тој проблем. Сакаме да ја намалиме разликата помеѓу клубовите“.

Првиот човек на европскиот фудбал истакнал дека само спортските резултати ќе бидат мерило за настап во најсилните натпреварувања.

Scroll to Top