Top Sport

Чеферин: УЕФА ќе размисли за фајнал-ејт турнир на ЛШ и во иднина

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека форматот на еден меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони донел многу повозбудлив фудбал од вообичаените мечеви дома и во гости и дека е можно ваквиот формат да стане иднина.

УЕФА се реши за фајнал ејт турнир во Лигата на шампиони и Лига Европа за да се комплетираат натпреварувањето во пократок рок по одложувањата поради пандемијата на корона вирусот. Осум клуба патуваа во Лисабон за завршницата на ЛШ, а осум во Келн за завршницата на ЛЕ.

„Бевме приморани да го направиме тоа, но на крајот пронајдовме нешто ново. Затоа, сигурно ќе размислиме добро за иднината на турнирот. Кога има еден меч, нема време за тактика и одолговлекување. Ако еден тим даде гол, другиот мора веднаш да одговори бидејќи нема следен меч. Многу повозбудлив фудбал, но исто така мораме да сметаме на тоа дека има помалку мечеви и ТВ-куќите ќе сакаат повеќе мечеви“, вели Чеферин.

Сегашниот формат на Лигата на шампиони е договорен до сезоната 2024/25, но се очекува до крајот на годината да се завршат преговорите со големите клубови и со федерациите за следната фаза.

Scroll to Top