Top Sport

Чех: Без жалење и каење ќе се сеќавам на овој меч

Петр Чех го одигра последниот меч во кариерата. Со Арсенал е поразен од Челси, тим во кој го изгради фудбалското име. По мечот тој изјавил дека гласините дека ќе се врати во Челси замо го зголемиле притисокот пред последниот меч.

Чех ги одигра сите натпревари за Арсенал во Лига Европа, поради што менаџерот Унаи Емери му овозможи да брани и во финалето. Во финалето од играчите на Челси четири пати ја погодија неговата мрежа.

Иако прими четири гола, Чех беше еден од подобрите во тимот на Арсенал, со неколку врвни одбрани тој спречи дебакл на неговиот тим.

„Горд сум на тоа како одиграв. Има многу притисок кога последниот меч во кариерата ви е финале. Шпекулациите околу моето враќање во Челси дополнително ми ја отежнаа работата. Сите гледаа во мене. Морам да кажам дека дадов се од себе и нема за што да жалам. Без жалење и каење ќе се сеќавам на овој меч“, рекол Чех за „БТ Спорт“.

Чешкиот голман наводно ќе се врати во Челси, каде треба да добие некоја од функциите во клубот, но ој не ги потврдил овие шпекулации.

„И претходно неколку пати кажав дека трофејот сакам да го подигнам со Арсенал, а пота да седнам и да размислам. Јас до 30 јуни сум играч на Арсенал и дотогаш нема да носам никакви одлуки околу мојата иднина“.

Scroll to Top